Почина славен шкотски голман кој беше репрезентативец и во крикет и во фудбал

Шкотската фудбалска и спортска јавност е во тага, на 58 години почина Енди Горам, човекот кој беше голман на Шкотска на две светски и две европски првенства.

Пред еден месец, Горам дозна лоша вест дека има рак од кој нема спас, а денеска ја загуби борбата.

Горам е посебен и по тоа што беше шкотски репрезентативец во два спорта. Во минатото, беше добар и во крикет. Има четири настапи за крикет репрезентацијата на Шкотска.

Горам бранеше за повеќе клубови, од кои најголеми се Манчестер јунајтед (во 2001 година беше таму како позајмен и освои титула во Премиерлигата) и Глазгов Ренџерс. За националниот тим на Шкотска бранеше 43 пати, беше во составот на Светските првенства во 1986 и 1990 година, како и на европските шампионати во 1992 и 1996 година.

- Оглас -

Најнови вести