Почина славниот Луис Суарес, единствениот Шпанец кој ја освоил „Златната топка“

Шпанскиот фудбал остана без една од своите најголеми легенди, Луис Суарес Мирамонтес. Тој почина на 88 години, а ќе остане запаметен како прв и засега единствен фудбалер роден во Шпанија кој ја освоил „Златната топка“.

„Ако не знаете што да правите со топката, додајте му ја на Луис“, е стара реченица која во минатото била популарна меѓу фановите на Интер.

Суарес го искачи Интер на кровот на Италија, Европа и светот во 1964 и 1965 година, а во 1964 година стана европски шампион и со репрезентацијата на Шпанија.

Роден во Коруња, кариерата ја почна таму во Депортиво, а од 1955 до 1961 година со успех го носеше дресот на Барселона. Играјќи за Барса, во 1960 ја освои „Златната топка“ за фудбалер на годината. Но, една година подоцна Каталонците го продадоа во Интер и тоа се смета за една од нивните најголеми грешки. Од 1988 до 1991 беше селектор на Црвената фурија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести