Почина „сплитскиот Пеле“, велеше дека за Динамо играат само тие што не се за во Хајдук!

Тажна вест пристигна од Хрватска, почина легендата на Хајдук и на југословенскиот фудбал, Петар Надовеза, на неполн месец пред 81-виот роденден.

Надовеза која имаше прекар „Пере сплитскиот Пеле“ во Хајдук беше и играч, и тренер, и спортски директор, и одговорен за младинската школа. За Билите одигра 460 меча и даде 296 голови во сите натпреварувања. Во сезоната 1970/71, ја освои шампионската титула во југословенското првенство, а по двапати го земаше купот и беше прв стрелец во лигата.

Повозрасните го паметат како човек со смисол за хумор, кога сака да се шегува, а се памети и неговата провокативна изјава дека во негово време за ривалот Динамо Загреб играле само фудбалери за кои немало место во Хајдук.

- Оглас -

Најнови вести