Почина таткото на Аиртон Сена, дочека длабока старост иако 27 години тагуваше по синот

Од Бразил дојде тажна вест дека на 94-годишна возраст почина Милтон да Силва, таткото на Формула 1 легендата Аиртон Сена. Тој почина од природна смрт во Сао Пауло, по 27 години тага по загинатиот син, кој трагично настрада на 1 мај 1994 година на трка на патеката „Имола“.

Сена од маркетиншки причини како презиме го користеше прекарот на мајка му Нејде, така го советувале бидејќи Да Силва е многу често презиме, но бил врзан и за татко му, кој имал важна улога во неговиот живот.

Таткото сакал Аиртон да ги продолжи семејните бизниси во металургијата, градежништвото и фармата со домашни животни, но ја препозна страста на синот кон трките и го поддржа додека Сена возеше картинг, па Формула Форд 1600 и на крај Формула 1, каде што стекна статус на легенда и е еден од најдобрите пилоти во историјата.

- Оглас -

Најнови вести