Почина црногорски боксер кој се тепаше со Кличко, па стана пријател со него

Еден од најпознатите црногорски боксери, Зоран Вујичиќ, почина денеска на 61-годишна возраст.

Вујичиќ како аматер, беше повеќекратен шампион во тешка категорија, а профи кариерата ја заврши со 18 победи и два порази. Најзначаен момент му беше борбата со Владимир Кличко во Штутгарт во 1999 година. Украинецот победи со нокаут, а после борбата, тие станаа блиски пријатели.

За жал, во последните години Вујичиќ се бореше со мултиплекс склероза, и денеска ја загуби животната битка.

- Оглас -

Најнови вести