Почина уште една бразилска легенда и тоа од истата болест од која боледуваше Пеле

Бразил денеска загуби уште една легенда, Роберто Динамите почина на 69-годишна возраст од рак на дебелото црево, соопшти неговиот поранешен клуб Васко де Гама.

„Васко де Гама со голема болка дозна дека најголемиот не напушти оваа недела. Карлос Роберто де Оливеира, познат како Динамите, му посвети 29 од своите 68 години на клубот, како играч и претседател. Почивај во мир“ објави Васко де Гама на официјалниот профил на Твитер.

Динамите е најдобар стрелец во историјата на бразилскиот шампионат со 190 гола, далеку пред поранешниот играч на Флуминенсе, Фред која има дадено 158 гола.
За Васко де Гама играше во два наврати, од 1971 до 1979 година и од 1980 до 1993 година, и за тоа време постигна 708 гола.

Динамите една година (1979) играше во Европа и тоа за Барселона.

За репрезентацијата на Бразил одигра 38 натпревари и постигна 20 голови, а со Кариоките учествуваше на две Светски првенства во 1978 и 1982 година.

По завршувањето на професионалната кариера во неколку наврати беше претседател на Васко де Гама, а пет мандати беше и член на Државното собрание на Рио.

Тој на 29 декември на својот Твитер профил му оддаде почит на Пеле кој почина од истиот тип на рак.

- Оглас -

Најнови вести