Политички скандал пред Олимписките игри: Еден од најдобрите тенисери во светот одби да игра во Париз

Рускиот тенисер Андреј Рубљов, кој моментно е на шестото место на АТП-листата, нема да настапи на Олимписките игри во Париз. Рубљов е дел од 12-те спортисти од Русија и Белорусија кои одбија да настапат на најголемиот спортски настан затоа што не им е дозволено да се натпреваруваат под боите на сопствената земја.

Руските и белоруските спортисти добија дозвола за настап на ЛОИ во Париз, но само како „независни“, што наиде на реакции кај многу спортисти. Оваа одлука е поради војната меѓу Русија и Украина, а и фактот дека Белорусија отворено е со поддршка за Русија.

Рубљов, кој има 26 години, веќе има олимписко злато, и тоа од игрите во Токио, кога беше најдобар во мешани двојки.

За разлика од Рубљов, вториот голем руски тениски ас, Данил Медведед, реши да се натпреварува во Париз.

- Оглас -

Најнови вести