Почна бојкотот на фудбалерите против расизмот

Фудбалерите што играат во Англија утрово од 9 часот го почнаа бојкотот на социјалните мрежи, а поводот е сè почестите навреди на расна основа.

„Доста ги трпиме навредите и особено игнорантскиот однос на фудбалските авторитети и социјалните мрежи и компаниите кои преземаат многу малку мерки за да ги спречат навредите на расна основа“, вели играчот на Тотенхем, Дени Роуз.

Се приклучија доста играчи, особено од Премиер лигата, а мотото им е „доста е“.

„Сакаме да испратиме порака на сите што не навредуваат на расна основа. Не е важно дали навредите доаѓаат од трибините или на социјалните мрежи, кои се многу популарни, но не и докрај регулирани. Секој може да ве навредува и да мине неказнето. Доста е“, вели Трој Дини, напаѓачот на Ватфорд.

Протестот ќе трае 24 часа, а фудбалерите најавија и нови акции против расизмот на фудбалските терени, но и на социјалните мрежи.

- Оглас -

Најнови вести