Почна „чистката“ во Барселона – Тројца фудбалери го напуштаат тимот

Барселона изминативе месеци се соочуваше со големи проблеми, пред сè од финансиска природа, но, тимот полека се стабилизираше.

Доаѓањето на Чави и имплементирањето на млади играчи од школата даде позитивни резултати, а со неколку одлични засилувања, тимот најверојатно ќе ја заврши сезоната во топ четири екипите, што и првично беше цел.

На лето следува расподажба на непотребните фудбалери, а на веќе тројца од нив им било соопштено дека не се дел во плановите за наредната сезона.

Станува збор за Лук де Јонг, Мартин Бреитвајт и Адама Траоре. Адама и де Јонг ќе се вратат во своите клубови бидејќи им истекува позајмицата, додека на Бреитвајт му истекува договорот.

Јасно е дека нема само овие тројца да си заминат од тимот, а на оваа лиса се очекува да бидат и Дест, Нето, Рики Пуџ, Самуел Умтити и многу други.

- Оглас -

Најнови вести