Со неколку интересни резултати почна сезоната во Втората македонска фудбалска лига, а оваа сезона ќе биде поинтересна бидејќи од следната сезона ќе брои две екипи помалку, променет е системот на преселба во повисок и понизок ранг.
Оваа сезона само првакот ќе влеззе Прва лига, а второ и третопласираниот ќе играат бараж за влез во Прва МФЛ. Лигата директно ја напуштаат дури четири последно пласирани тимови, а екипите од 9-то до 11-то место ќе играат бараж за опстанок во со прваците од Третите лиги.
РЕЗУЛТАТИ: Вардар Неготино – Тетекс 2-1, Брегалница Штип – Кожуф 0-0, Новаци –Победа 2-0, Каменица Саса – Осогово 1-1, Преспа – Шкендија Арачиново 0-3, Охрид Лихнидос – Беласица 1-1, Скопје – Слога Виница 1-0 и Големо Коњари – Детонит Плачковица 0-4.