Со натпреварот меѓу Литванија и Велика Британија во Тампере, Финска, започна 42-рото издание на Евробаскетот. Литванците ја оправдаа улогата на фаворити и славеа со убедливи 94-70.
Иако Британците парираа во првото полувреме и на пауза заминаа само со три поени негатива (41-38), во вториот дел Литванија беше многу подобра и ја обезбеди победата со +24.
Најрасположени кај победниците беа Јонас Валанчиунас со 18 поени и Азулас Тубелис со 17, додека кај Велика Британија најдобар беше Јебоа со 17 поени.
Првиот круг ќе трае до 4 септември, а осминафиналните дуели почнуваат на 6 септември во Рига. Финалето е закажано за 14 септември, кога ќе биде познат новиот европски шампион.
Актуелен бранител на титулата е Шпанија, која во финалето во 2022 година ја совлада Франција, додека бронзата тогаш ја освои Германија, сегашниот светски првак.