Почна финалето на Типстер купот, 3.523 прогнозери во игра за премијата СТАН НА ВОДНО

Од денеска до 10 септември, точно 3.523 играчи кои беа најуспешни во изминатиот период во месечните етапи во одредени објекти на Sport Life низ Македонија, ќе учествуваат во финалето на Типстер купот што го организира Sport Life, а премијата е Стан во елитната скопска населба Водно.

Веќе се познати имињата на сите финалисти кои ќе ја водат битката за фантастичната премија која е уникатна и за која не смее да се пропушти завршницата на Типстер купот што ќе трае еден месец.

Во период од еден месец, финалистите ќе треба да ги покажат сите можни вештини и мајсторлакот во составувањето на што поголем број добитни тикети, а шампионот за сезоната 2019/20 заслужено ќе се поднови со прекрасен дом во Скопје.

ПОНУДАТА Е БОГАТА: ОД МЕЧЕВИ ВО ЕВРОПСКИТЕ КУПОВИ, ПРЕКУ НАЦИОНАЛНИТЕ ЛИГИ КОИ СЕ ИГРААТ, ДО ТЕНИСОТ КОЈ СЕ ВРАЌА И ПЛЕЈОФОТ ВО НБА И НХЛ

Типстерите ќе имаат прилика до крајот на август и во првата третина на септември да типуваат на многу мечеви кои ќе бидат богатата понуда на Sport Life. Ситуацијата со корона-вирусот придонесе август да биде месецот во кој ќе се игра завршницата во европските купови и ќе се одредат најдобрите во Лигата на шампионите и Лигата на Европа, а веќе има и доста почнати национални првенства ширум светот. Освен фудбалската, тука е и стандардната понуда од кошаркарската НБА, хокеарската НХЛ лига, каде што ќе се игра плејоф, а неизоставен дел се и тениските средби. Кон крајот на месецов треба да почне гренслемот на Отвореното првенство на САД.

Победникот на Типстер купот ќе ја освои премијата СТАН НА ВОДНО, но останатите деветмина кои се пласираат од второ до десетто место ќе добијат награди за кои вреди да се борат. Пласманот од второто до десеттото место носи голем број СЛ Маркет поени, со кои можете да пазарите од понудените производи во СЛ Маркетот.

Пет милиони поени ќе добие вицешампионот, а потоа наградите се по следниот редослед:

3. 3.000.000 СЛ Маркет поени
4. 1.000.000 СЛ Маркет поени
5. 500.000 СЛ Маркет поени
6. 200.000 СЛ Маркет поени
7. 100.000 СЛ Маркет поени
8. 50.000 СЛ Маркет поени
9. 40.000 СЛ Маркет поени
10. 30.000 СЛ Маркет поени

За сите обложувачи што се пласираа во финалето ќе има и ваучер од 50 денари, со услов да одиграат барем 10 тикети со СЛ картичка.

Подгответе се добро и од денеска до 10 септември типувајте, комбинирајте и следете ја ситуацијата на табелата.

За постетување, ова е формулата по која се пресметуваат бодовите:

P = a + 20b + 20c

„а“ = „сума на уплата по комбинација“ (ако се работи за тикет со уплата до 800 денари по комбинација), односно „а“ = уплата / комбинации, (пример: уплата од 100 денари на тикет со 4 комбинации = 25 поени);
Значи, збирот „a“ може да изнесува максимум 800 бодови
„b“ = „бројот на типувани парови” на тикет (системите во системските тикети се земаат како една комбинација)
Значи, збирот „20b“ може да изнесува максимум 800 бодови
„c“ = „коефициент на учинок“, т.е.
коеф. на учинок = (помножени погодени коефициенти на тикетот) / помножените промашени коефициенти на тикетот * (број на промашени парови на тикетот + 1)

Збирот „20c“ е ограничен на максимум 4000 бодови. Типовите пресметани со коефициент 1 не влегуваат во пресметката на параметарот „c“.

- Оглас -

Најнови вести