Карло Анчелоти од јуни 2024 година ќе стане селектор на Бразил, а тоа значи дека оваа сезона ќе му биде последна на клупата на Реал Мадрид и Кралскиот клуб ќе треба да бара негов наследник.
Весникот „Марка“ како можни тренери на Реал по Анчелоти ги спомнува Алваро Арбелоа, Чаби Алонсо и Раул Гонзалес како домашни кандидати, а од странците се Јирген Клоп, Жозе Мурињо, Зинедин Зидан, Јулијан Нагелсман и Јоаким Лев.
Во анкетата на „Марка“, 34 отсто сакаат тренер да биде Алонсо кој во моментов го води Баер Леверкузен. Потоа следува легендата Раул (актуелен тренер на Реал Мадрид Б) со 21 процент, Клоп (тренер на Ливерпул) со 18, Зидан (во моментов е слободен) со 14 проценти. Другите имаат значително помалку гласови.