Почна намалувањето плати во НБА-лигата: На Сиксерси им „откинаа“ 20 отсто

Филаделфија севентисиксерс го направи првиот чекор по дозволата од НБА-лигата да се намалат платите на кошаркарите, односно високоплатените вработени во франшизата. Секако, главната причина е пандемијата со Коронавирусот, поради што се прекина најтрактивната кошаркарка лига на неодредено време, како и многу други спортски првенста во САД и останатите делови од светот.

Ѕвездите како Џоел Ембид, Бен Симонс и останатите ќе земаат 20% пониски плати почнувајќи од 15 април, па сè до крајот на јуни.

„Свесни сме за глобалниот проблем поради што дојде до прекин на првенството. Тоа влијае и врз опстанокот на нашата организација, па затоа ги замолуваме вработените со цело работно време да се согласат на намалување на плататите до 20 отсто. Не сакаме да се доведеме до ситуација да намалуваме персонал, а на овој начин ќе можеме да ги поддржиме сите вработени. Воедно, продолжуваме со активното помагање на сите жители околу нашата околина и соработуваме со голем дел на организациите да пружиме помош“, стои во соопштението.

- Оглас -

Најнови вести