НБА-лигата почна со два дерби-дуели во двете конференции, а ланските финалисти Бостон селтикс и Голден стејт вориорс уште на стартот потврдија дека пак се фаворити за титулата.
Келтите ја победија Филаделфија во првиот меч со кој се отвори сезоната, а беа убедливи и славеа со 126:117, додека актуелниот првак Голден стејт вориорс лесно победи против Лос Анџелес лејкерс со 123:109.
Пред мечот во Бостон имаше свечена церемонија во чест на починатата легенда на Келтите и на НБА, Бил Расел, кој е шесткратен првак.
https://twitter.com/NBA/status/1582516123609681920?s=20&t=QIhJnXoo9-tVTwFWSvCh_Q
На паркетот во „ТД Гарден“ доминираше Бостон, а дуото Џеј-Џеј, Џејсон Тејтум и Џејлен Браун, искомбинираа дури 70 поени, по 35 двајцата и беа лидери на 17-кратниот НБА-шампион во првата победа во новата сезона.
https://twitter.com/TheNBACentral/status/1582554160125202434?s=20&t=nTkMwHbyCWS3Uww5AWhaZg
Ист број на титули, 17, на врвот на вечната НБА-листа со Бостон имаат и Лос Анџелес лејкерс, но ноќеска добија шампионска порака од актуелните прваци Голден стејт вориорс дека се далеку од нова титула.
Воините предводени од Стефон Кари, кој постигна 33 поени со 7 скока и 6 асистенции, победија убедливо со 123:109.
Пред мечот, популарните Воини ги покажаа шампионските прстени, а потоа го декласираа ривалот со 14 поени разлика.
https://twitter.com/SportsCenter/status/1582563787831476224?s=20&t=NDjSOOaspOed3_mVsFVJJQ
Кај Голден стејт одлични одиграа и Ендрју Вигинс со 20 поени и Клеј Томпсон со 18, а интересно е што на паркетот кај шампионите беа и Дрејмонд Грин и Џордан Пул, по големиот инцидент што се случи непосредно пред стартот на новата сезона.
Грин во тензична атмосфера на тренинг го нокаутира Пул, но сепак настапи ноќеска, заедно со соиграчот по големиот инцидент и скандалозен чин.
LeBron gets invited to the Poole party pic.twitter.com/LLJ3LJ7Sts
— NBACentral (@TheNBACentral) October 19, 2022
Леброн Џејмс постигна 31 поен и потврди дека сезонава лесно ќе го урне рекордот на Карим Абдул Џабар и ќе биде најефикасен на сите времиња во НБА-лигата, а му фалат уште околу 1.200 поени на останатите 81 меч во оваа сезона.
Кралот Џејмс имаше и 14 скока и 8 асистенции, Ентони Дејвис додаде 27 поени и шест скока, а Расел Вестбрук 19 поени и 11 скока, но Лејкерс играа лошо.
Гостите имаа дури 19 загубени топки и само 23 отсто прецизни удари за три поени.