Почна „пецкањето“: Медведев рече дека Кирјос не му е пријател

Тоа што тенискиот свет го чекаше и посакуваше уште од ждрепката за САД опен, ќе се оствари: во осминафиналето еден против друг ќе играат првиот носител и бранител на титулата, Данил Медведев, и финалистот од Вимблдон, Ник Кирјос.

Русинот Медведев го загуби последниот меѓусебен дуел против Кирјос на Мастерсот во Монтреал.

„Таму тој успеа да ме победи, но можев и јас да победам, тесен беше мечот. Треба да сервирам добро, да стигнам до тај-брејк или да добијам шанса за брејк. Ги гледав неговите мечеви, сконцентриран е, одлично сервира. Во добри односи сум со него, но не сме пријатели. Кога велам не сме пријатели, тоа значи дека не сме биле заедно во кафеана. На терен никогаш не сме се скарале, иако двајцата сме импулсивни“ – изјави популарниот Медо.

- Оглас -

Најнови вести