Почна примената на новите правила, судијата веќе не е „воздух“ (Видео)

На пријателскиот натпревар помеѓу Бетис и Шефилд јунајтед, кој заврши со победа на англискиот тим од 1-0, главниот судија поништи еден гол, за кој многумина не знаеја зошто го поништил. Но, вината не е кај судијата, туку почетокот на примената на новите правила во фудбалската игра.

Едно од новите правила е дека судијата веќе не е „воздух“, па ако го удри топката, играта нема да продолжи како досега, туку се прекинува. Ако уште беше на сила старото правило, тогаш Шефилд ќе дадеше уште еден гол. Вака, судијата мораше да го поништи, бидејќи пред шутот за гол, топката случајно се одби од судијата.

https://www.youtube.com/watch?time_continue=107&v=p1IWUsqqqN0

- Оглас -

Најнови вести