Ракометната Федерација на Македонија објави дека почна продажбата на билети за мечот на женската сениорска селекција која в сабота (12 април), со почеток во 19 часот во Спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола, ќе го одигра квалификацискиот бараж-натпревар за СП 2025 против Полска.
Првиот натпревар од баражот за пласман на 2025 Women’s World Championship се игра во Полска на 09.04 (среда) во 20:30 часот, а реванш-натпреварот е на 12.04 (сабота) во Битола.
Продажбата оди онлајн на интернет-страницата на МК Тикетс (https://mktickets.mk ), а влезници можат да се купат и на сите продажни места на МК Тикетс низ државата.
Продажната цена на влезниците за натпреварот кој е од хуманитарен карактер (средствата ќе бидат донирани за настраданите во Кочани) е 100 денари.
Продажна мрежа – МК Тикетс
Скопје:
- ЛитератураМК – City Mall
- ЛитератураМК – East Gate
- ЛитератураМК – Diamond Mall
- Литература – ТЦ Буњаковец
- ЛитератураМК – ул. Македонија
- Југотон ГТЦ 1
- ЈК Травел – ТЦ Бисер
- Макпетрол – Козле
- Макпетрол – Илинденска
- Макпетрол – Влае
Велес:
- Унисон
Прилеп:
- ТА Бран
Куманово:
- Тобако Агора
Тетово:
- Тобако Монако
- Гранд Тобако
Гостивар:
- Тобако Вона 5
Охрид:
- ТА Вис Пој
Битола:
- ЛитератураМК
- Tobacco Brothers
Струмица:
- ЛитератураМК
- ТА Сафари
Штип:
- Сити Тобако