Почна сезоната во НФЛ, a тоа значи поголем избор за добитен полноќен тикет

Њу Орлеанс сејнтс – Хјустон тексанс (01:10ч – НФЛ лига)

Првата недела од новата сезона во НФЛ лигата се завршува со два натпревари, кои ќе се обидеме точно да ги прогнозираме. Еден од нив е овој дуел, Сејнтс против Тексанс, двете екипи кои посакуваат успешен старт на сезоната.

Тимот на Њу Орлеанс е меѓу кандидатите за титулата, а воедно се и фаворити на хартија во пресрет на пресметката со Тексашите. Иако во претсезонските подготовки Сејнтс остварија две победи во четири меча, очекувањата се дека ќе ја израдуваат домашната публика. Хјустон во пресрет на новата сезона се соочува со неколку проблеми, им се повреди клучниот бек Ламар Милер, додека останаа без еден од најдобрите дефанзивци во шампионатот, Џедевајн Клауни.

Последната меѓусебна средба припадна на Њу Орлеанс со 13-0, но во претходните три меча се радуваа Тексашите со убедливи триумфи. Сепак, тешко дека ноќеска ќе се случи изненадување.

Предлог тип: 1 хендикеп -6,5 поени (1.92)

 

Оукленд рејдерс – Денвер бронкос (04:20ч – НФЛ лига)

Двете екипи имаа сосема различен учинок во подготовките. Оукленд запиша скор од 3-1, додека Денвер еднаш се радуваше во четири меча. Меѓутоа, домаќините ноќеска нема да ја носат фаворитската улога. Оукленд пред почетокот на сезоната остана без најдобриот примач во лигата, Антонио Браун, па недостатокот на квалитет може да биде пресуден против разузданите Бронкоси.

Иако во последните шест средби на овие два тима редовно слават домаќините, време е да се стави крај на таа традиција, а поранешните дуели наговестуваат дека и овој меч ноќеска ќе биде ефикасен.

Предлог тип: >42.5 поени (1.92)

 

Бостон ред сокс – Њујорк јенкис (01:10ч – МЛБ лига)

Ривалство кое трае со години, а нема Американец кој не сака да го проследи дербито на Ред сокс и Јенкис. Бостон посакува да стави крај негативните резултати во оваа мини серија против гигантот од Њујорк, и да го израмни скорот на 2-2. За таков успех ќе им биде потребно да одиграат како во првиот меч, кога им дозволија на Јенките само еден поен во победата од 6-1.

Таа победа е единствена за Бостон во последните осум средби против Њујорк, токму затоа ноќеска триумф ќе им биде императив. Јенкис секако ќе игра во разигрувањата бидејќи се неприкосновени на првата позиција во нивната конференција, Бостон е тимот што со тешки маки треба да обезбеди место во плејофот.

Предлог тип: 1 (2.00)

 

Тринидад и Тобаго – Мартиник (03ч – КОНКАКАФ Лига на нации сегмент А, второ коло)

Пред само два дена овие две репрезентации ремизираа при конечни 1-1 во главниот град на карипскиот остров. Ноќеска повторно ќе ги одмерат силите во обид да се дојдат до првите три бода кои може да придонесат бараж во Лигата на нации на Северна и Централна Америка.

Традицијата е против Тринидад и Тобаго, само еднаш се радувале пред домашните навивачи во трите средби против Мартиник кои се одиграа од 2001 до 2007 година. Таа единствена победа ја остварија со убедливи 5-1, но тешко дека ќе го повторат тој резултат. Најпаметно е овој меч да се типува на голови, но не повеќе од три.

Предлог тип: 1X & 1-3 (2.02)

- Оглас -

Најнови вести