Почна и спортскиот дел од бојкотот и санкциите кон Русија, а шпанскиот гигант Барселона објави дека кошаркарската експедиција нема да патува за Санкт Петербург на мечот од Евролигата против Зенит.
Мечот требаше да се игра утре од 18 часот, но сега е јасно дека нема да има евролигашка кошарка во Санкт Петербург, иако од таборот на Барселона најавија дополнителни консултации со раководството на Евролигата.
https://twitter.com/FCBbasket/status/1496849772166225920?s=20&t=rDf9j4K0e0A6mlr1VqMVfA
Русија утрово презеде воени активности против Украина, што ќе се одрази и на спортски план.
Во Евролигата играат уште два клуба, ЦСКА Москва и Уникс Казањ, а нема ниту еден клуб од Украина.