Новото 22-ро коло на најпопуларната бесплатна игра во Македонија, Спортската прогноза на Sport Life, веќе е тука и типувањето може да почне и ќе трае до сабота во 15.30 часот.
Саботните парови се Фрајбург – Леверкузен, Мајнц – Штутгарт, Волфсбург – Хамбургер, Леванте – Жирона, Нант – Анже и Оксер – Стразбур и тоа е своевидно загревање за спектаклот кој претстои в недела.
Неделни предизвици ќе бидат дерби пресметки како Ренџерс – Селтик (од купот на Шкотска), Хајдук Сплит – Динамо Загреб, Бенфика – Порто, и Милан – Интер.
Прогнозерот кој ќе има 13 погодени натпревари на подарок ќе добие iPhone 16. За 12 погодени меча следува вредносен ваучер од 1.000 денари во Sport Life, додека 11-ката носи ваучер од 500 денари. Најдобриот во генералниот пласман ќе добие подарок смарт телевизор самсунг 55“.


