Новото 23-то коло на најпопуларната бесплатна игра во Македонија, Спортската прогноза на Sport Life, е отворено и типувањето може да почне и ќе трае до сабота во 14 часот.
Саботните двојки се Жирона – Атлетик Билбао, Сандерленд – Брајтон, Челзи – Њукасл, Овидо – Валенсија и Анже – Ница. Јасно е дека најголемо внимание привлекува пресметката на „Стемфорд бриџ“.
Неделен предизвик ќе биде да се погоди исходот на натпреварите: Верона – Џенова, Мајорка – Еспањол, Пиза – Каљари, Сасуоло – Болоња, Фрајбург – Унион Берлин, Штутгарт – Лајпциг, Рен – Лил и Лацио – Милан.
Прогнозерот кој ќе има 13 погодени натпревари на подарок ќе добие iPhone 16. За 12 погодени меча следува вредносен ваучер од 1.000 денари во Sport Life, додека 11-ката носи ваучер од 500 денари. Најдобриот во генералниот пласман ќе добие подарок смарт телевизор самсунг 55“.


