Еден Азар ја заврши мисијата во Челзи, го освои трофејот во Лигата на Европа и најави дека му е потребен нов предизвик. На сите им е јасно дека тој предизвик се вика Реал Мадрид. Кралскиот клуб веќе ги има договорено личните услови со фудбалерот, но останува Челзи да се согласи да го продаде.
Најавите се дека трансферот ќе биде 120 милиони евра, но засега тоа не се исполнува. Реал Мадрид дал првична понуда која била пониска од посакуваната, па од Челзи веднаш возвратиле дека Азар не може да си оди за сума помала од 147 милиони евра. Овој начин на двете страни да нудат помала, односно да бараат поголема сума од предвиденото изгледа како ценкање на пазар.
Во следните неколку дена може да се очекува нова понуда од Реал, а според најавите, ценкањето може да трае и до 11 јуни, а не како што првично беше најавено дека во понеделник најтрофејниот шпански клуб ќе се пофали со новото засилување.