Фудбалерите на Трабзонспор останаа без спиење во хотелот во Копенхаген ноќеска, непосредно пред дуелот во плејоф-фазата за настап во Лигата на шампионите, а причина се детонациите со светлечки ракети и факли што им ја организираа навивачите на домашниот тим.
Енис Барди, кој е во експедицијата на турскиот тим, на интересен начин ја почна тригодишната авантура кај турскиот првак и се очекува вечерва и да дебитира на стадионот „Паркен“.
https://twitter.com/cifturnike/status/1559435846868140033?s=20&t=x4IPVe6QJXrIhf4fTU1LMg
Барди и соиграчите ќе имаат мотив повеќе да забележат добар резултат по непроспиената ноќ во Копенхаген, а може само да се засмисли каква ќе биде атмосферата на реваншот во Турција.