Со победата од 4-0 во финалето од Купот на Холандија, Ајакс го освои првиот пехар од можните три за кои се бори сезонава. Воедно, прекина и нивниот пост, цели пет години Ајакс немаше освоено трофеј сè до денес. Ајакс инаку по 19-ти пат е освојувач на Купот на Холандија.
https://twitter.com/AFCAjax/status/1125115308950392832
На Копјаниците им преостануваат битките во холандското првенство и Лигата на шампионите. Во Ередивизе, Ајакс на две кола до крајот на шампионатот ја дели првата позиција со ПСВ Ајндховен со по 80 бода, додека против Тотенхем во ЛШ треба да го одиграат реваншот во полуфиналето, а од дуелот во Лондон имаат предност од 1-0.