18.8 C
Skopje
понеделник, 11 август 2025

Почнаа и репризите во летната сага на Роналдо, пак му го нудат на Челзи

Кристијано Роналдо сè уште бара нов клуб во летниот трансфер-период со услов да настапува во Лигата на шампионите, а во фудбалската сага почнаа да се вртат и репризи.

„Индепендент“ објави дека менаџерот на Роналдо, Жорж Мендеш, повторно му го понудил својот штитеник на Челзи откако еднаш оваа варијанта пропадна летово.

Томас Тухел тогаш изјави дека не е заинтересиран да го има во тимот 37-годишниот ветеран, а сега Мендеш се обидува да провери дали германскиот менаџер на Челзи го променил мислењето.

Интересно е дека во низа пропаднаа и обидите на Роналдо од Манчестер јунајтед да се пресели во ПСЖ, Баерн, Атлетико Мадрид, а особено интересна е епизодата со неговиот матичен клуб Спортинг.

Кога беше најавено дека е можно ЦР 7 да се врати во клубот од Лисабон, реагираше тренерот на Спортинг, Рубен Аморим, и се закани дека ако раководството го донесе Роналдо, тој ќе си замине од клупата на Лавовите.

 

 

- Оглас -

Најнови вести