Почнаа преговорите меѓу Рома и Конте

Раководството на Рома започна преговори со претставници на Антонио Конте. „Римската волчица“ го посакува италијанскиот стратег за да ја предводи екипата од следната сезона, јасно е дека Клаудио Раниери е само привремено решение.

Конте веќе извесно време е поврзуван со враќање во Серија А откако ја напушти клупата на Челзи пред почетокот на оваа сезона. Тој сè уште е во правна битка со Челзи тврдејќи дека лондонскиот клуб му должи 10 милиони евра, сума која „сините“ немаат намера да ја платат.

Сепак, италијанскиот стратег не е само желба на Рома, во игра се миланските екипи Интер и Милан, но се чини дека клубот од метрополата има предност пред ривалите. Покрај шпекулациите поврзани со Конте, од Италија произлегоа најави дека газдата на ПСЖ, Насер Ал – Келаифи има намера да го клупи римскиот клуб и да го направи конкурентен за шампионската титула во Серија А, првенство кое изминативе години припаѓа на Јувентус.

Конте во менаџерската кариера брои три титули од Серија А со „старата дама“, една титула во Премиер лигата со Челзи, а бил шампион и на Серија Б со Бари.

- Оглас -

Најнови вести