Почнаа преговорите за трансфер на Нејмар

Пари Сен Жермен и Јувентус ги започнаа преговорите околу трансфер на Нејмар. Оваа информација ја објави шпанскиот медиум „АС“ како ексклузива, па сега се очекува бурен период во кој треба да се обелодени судбината на бразилската суперѕвезда.

Светците наводно ќе се задоволат со сума од 50 милиони евра, иако за Нејмар платија рекордни 222 милиони евра во 2017 година. Неговиот договор важи до јуни 2025 година, продолжен минатото лето, со годишна плата од 46 милиони евра.

Едно е сигурно, Јувентус не може, но и не сака да идзвои толкава плата за еден играч, дури и тој да се вика Нејмар, па се разгледуваат опции како Бразилецот би прифатил пониски примања.

Нејмар и дефинитивно си оди од Париз ова лето, а ако неговата следна дестинација не е Торино, го чека Лондон, од каде што и Челзи покажа интерес за неговите услуги.

- Оглас -

Најнови вести