Теренот во Струга е во екстремно лоша состојба, буквално е поплавен со вода и затоа во текот на викендот не е можно да се одигра натпреварот од Првата лига меѓу Шкупи и Пелистер. Дојде средина на ноември и оваа е редовна појава во македонскиот клупски фудбал.
Поради ваквата состојба, ФФМ го презакажа натпреварот за во вторник, со почеток во 13 часот.

