Виљареал и Атлетико Мадрид ремизираа 2-2 во последниот меч од првото коло во Ла Лига. Почетокот на мечот беше револверашки, со четири гола во првото полувреме, а потоа пресметката стивна и заврши мирољубиво, со истиот резултат.
Данџума во 18-тата минута донесе водство за домаќинот, но одговори Маркос Љоренте само две минути подоцна.
Коке во 37-мата минута си постигна автогол, но Александер Сорлот го постигна дебитантскиот гол за Атлетико Мадрид.
Во финишот, во тимот на Атлетико дебитираше и новото големо засилување Хулијан Алварес.