Почнува 136-тиот Вимблдон: Британија сега има крал, се враќаат Русите, освоените поени се бројат за АТП

Денеска на пладне почнува 136-тото издание на Отвореното првенство на Велика Британија во тенис, популарниот Вимблдон.

Годинешното издание е поразлично од ланското. Ова е прво откако Чарлс III стана крал на Обединетото Кралство. На турнирот се враќаат тенисиерите и тенисерките од Русија и Белорусија, кои лани добија забрана поради инвазијата во Украина, а годинава и повторно ќе се освојуваат поени за светската ранг-листа.

Новак Ѓоковиќ има седум титули на терените на Ол Ингланд клубот во Лондон, а ако го освои победничкиот трофеј и годинава, ќе се изедначи со Роџер Федерер и ќе му побегне за две титули на Рафаел Надал на листата на тенисери со најмногу гренслем-титули.

Ѓоковиќ ги освои првите два гренслема годинава, а и во Лондон е голем фаворит. Дерби на првото коло е дуелот на петтиот носител Стефанос Циципас против Доминик Тим, а годинава ќе ги нема ланскиот финалист Ник Кирјос, кој се откажа од учество поради скинат лигамент во зглобот на раката.

Вкупниот награден фонд е 44.700.000 фунти, што е за речиси 11% повеќе од минатата година. Победниците во машка и женска конкуренција во сингл ќе си одат дома побогати за 2.350.000 фунти, а поразените финалисти со чекови вредни 1.175.000 фунти. Самото учество во првото коло носи награда од 55.000 фунти.

- Оглас -

Најнови вести