Почнува баскет лудилото: Репрезентацијата која заврши четврта во група е фаворит против таа што беше прва

Кулминацијата на Европското првенство во кошарка започнува денеска. Точно на пладне се игра дуелот Турција – Франција, што е прв меч од осминафиналната фаза. Денеска се играат уште три меча во осминафиналето, што значи дека ќе се знаат четири селекции кои ќе бидат дел од четвртфиналето.

Франција ја има фаворитската улога против Турција, но Турците се надеваат на голема поддршка од трибините како дополнителен мотив дека може да направат изненадување.

Словенија и Германија се апсолутни фаворити во дуелите со Белгија и Црна Гора и прогнозите се дека треба да победат со двоцифрена предност.

Најинтересно треба да биде на дербито меѓу Шпанија и Литванија. Шпанците завршија како први во групата со четири победи и само еден пораз, додека Литванија еднај помина во осминафиналето откако победи само два пати во пет средби. Сепак, според квотите во Sport Life, токму Литванија е фаворит за победа против Црвената Фурија.

Во понудата на Sport Life има и преку 70 играчи за „плус-минус“ поени.

- Оглас -

Најнови вести