Почнува ЕП во атлетика, Македонецот Трајковски денеска ќе настапи во скок во далечина

Денеска во Рим започнува Европското првенство во атлетика, а и Македонија ќе има свои претставници на овој голем спортски настан.

Андреас Трајковски денеска со почеток во 12.55 часот ќе настапи во квалификациите во скок во далечина. Ова ќе биде негово прво учество на сениорско ЕП. Тој обезбеди учество на првенството преку ранкинг-системот на Европска атлетика, каде што го освои 25-тото место, а првите 30-мина од таа ранг-листа обезбедија пласман во Рим.

„Знаев дека со константни скокови помеѓу 7.70 – 7.80 метри ќе го обезбедам местото меѓу најдобрите 30 во Европа. Цел ми е да се пласирам во финалето и да испишам историја за Македонија. Ќе дадам сè од себе гордо да ја претставам Македонија“, порача Андреас од Рим.

Доколку ги помине квалификациите, ќе настапи во финалето во скок во далечина на 8 јуни вечерта од 20 часот.

Дарио Ивановски својот настап во полумаратонската трка ќе го има на 9 јуни со почеток во 9 часот.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести