Почнува евролигашкото плејоф-лудило, квотата за Партизан да биде европски првак е огромна! (Фото)

Со мечевите Монако – Макаби и Реал Мадрид – Партизан вечерва почнува плејофот во кошаркарската Евролига, а четвртфиналињата се играат во три добиени.

Според квотите во обложувалницата Sport Life, фаворити на хартија за победа се домашните тимови. Во богатата понуда на најдобрата обложувалница во Македонија имате многу опции за типување, меѓу другото, и за тоа кој ќе биде европски првак.

Главни фаворити за евролигашката титула се Барселона, Олимпијакос и Реал, трите тима коишто беа и на првите три места во регуларната сезона. Ако се пласираат на фајналфор, во полуфиналето ќе има битка Барса – Реал, што значи дека не е можно шпанско Ел Класико финале. Квотата за Партизан да биде шампион е 15.0.

Тим кој е во налет е белградскиот Партизан. Црно-белите пред неполн месец со троцифрен број постигнати поени дојдоа до победа над Реал, но во Белград, а сега за Партизан да оди на Ф4, мора да слави барем еднаш и во Мадрид. Партизан никогаш не победил во Мадрид против Реал, но Жељко Обрадовиќ е големиот адут на српскиот тим. Обрадовиќ има само еден четвртфинален пораз во својата пребогата кариера.

Sport Life ви нуди можност да се обложите и на индивидуалци, и тоа на број на поени, скокови или асистенции.

Кај поентерите (се важат и поени кои би ги дале во евентуално продолжение), најмногу се бара од Мајк Џејмс од Монако и Болдвин од Макаби (границата е на 16.5 поени), како и за Лоренцо Браун од Макаби и Пантер од Партизан (треба да погодите дали ќе дадат повеќе или до 15 поени), а листата е долга и може да си најдете свои фаворити.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести