Почнува Европското првенство, нема подобро место од Рим за старт на фудбалското гладијаторство

Љубителите на фудбалот од вечерва до 11 јули ќе уживаат во мајсториите на 24-те репрезентации кои ќе се борат за европската титула, а ова ЕП е специфично по тоа што се игра во време на пандемија, дури во 11 различни градови, има голем број кандидати кои оправдано се надеваат на титулата и Македонија првпат е дел од ваков голем фудбалски настан.

Стартот на ЕВРО 2020 е вечерва, на „Олимпико“ во Рим, каде што Турција ја има улогата на официјален домаќин против Италија, која е вистински домаќин.

ПЦР-тестови, потврда за вакцина против ковид-19 и заштитни маски ќе бидат составен дел од ова првенство, но кога на теренот ќе истрчаат фудбалерите, сето тоа ќе биде во втор план. Стадионите ќе бидат делумно исполнети, само во Будимпешта се предвидува трибините да бидат полни.

Титулата од пред пет години ја брани Португалија, Франција е актуелен светски првак, а букмејкерите им даваат добри шанси и на Англија (завршницата е во Лондон), Белгија (првопласирана на ФИФА-листата), Германија и Шпанија.

- Оглас -

Најнови вести