Почнува финалето во АБА-лигата, Партизан најави дека може да го напушти теренот

Вечните српски ривали Црвена ѕвезда и Партизан ќе играат во финалето на АБА-лигата. Првиот меч се игра вечерва, од 20:30 часот, во салата „Александар Николиќ“.

Од Партизан упатија известување дека доколку биде загрозена нивната безбедност, ќе го напушат теренот.

„КК Партизан е одлучен дека доколку дојде до какво било физичко загрозување на безбедноста на екипата, ќе биде напуштен теренот и нема да се вратиме да играме додека не се создадат соодветни услови за игра“, стои во дел од соопштението упатено од Партизан.

Од Црвена ѕвезда упатија соопштение во кое ги молат своите навивачи да не внесуваат запалки, ранци, ковани пари, но и дека ќе бидат одземени сите шишиња со сок или вода.

За овој меч, во Sport Life има одлична понуда за тоа кој ќе победи, но и за „плус-минус“ поените на играчите кои треба да бидат главни актери во финалето.

- Оглас -

Најнови вести