Почнува фудбалското првенство, а забрането ќе биде плукање и секнење нос на теренот

Една од земјите кои се најмалку погодени од пандемијата со Коронавирусот е Фарски Острови. Оваа земја која е дел од кралството Данска уште нема ниту еден смртен случај од опасниот вирус, а вкупно се регистрирани само 185 заразени лица, во земјата која брои околу 50.000 жители.

Поради малиот број заразени и добрата превенција, решено е фудбалското првенство на Фарски Острови да стартува на 9 мај. Шампионатот на оваа мала земја требаше да започне пред два месеца, но токму во тие денови започна опасноста од корона-вирусот во Европа, па натпреварите беа одложени.

Иако имаа опција да играат со присуство на гледачи, одлуката е дуелите да се играат без навивачи на трибините. Фудбалерите кои ќе бидат на теренот нема да смеат да плукаат, ниту да го секнат носот, како ни да се ракуваат со противничките играчи и судиите пред почетокот на мечот.

 

- Оглас -

Најнови вести