0.8 C
Skopje
понеделник, 22 декември 2025

Почнува историското Светско клупско првенство, клуб од Тахити ќе се обиде да направи чудо на стартот

Денеска стартува 18-тото издание на Светското клупско првенство. Обединети Арапски Емирати се домаќини на седумте екипи кои ќе се борат за планетарниот клупски трон. Покрај шесте континентални прваци, тука е и една домашна екипа. До 12 февруари ќе се одиграат вкупно осум средби по кои ќе биде познат и шампионот.

Возбудувањата започнуваат денеска, во 17:30 часот, со дуелот меѓу домаќинот Ал-Џазира и Пирае од Тахити. Екипата на Пирае е претставник на Океанија и е замена за Оукланд сити, кој поради пандемијата го откажа учеството на овој турнир.

Во вториот круг од натпреварувањето ќе се вклучат и Ал-Ахли од Египет, Монтереј (Мексико) и Ал-Хилал (Саудиска Арабија). Шампионите на Европа (Челзи) и Јужна Америка (Палмеираш) имаат обезбедено директно место во полуфиналето, каде што не може да играат еден против друг.

Новост на ова Светско клупско првенство е тестирањето на технологијата за автоматско покажување на офсајд-позиција. Оваа технологија е слична како „соколовото око“ во тенисот.

Околу целиот стадион ќе има поставено 12 камери, кои ќе ги следат движењата на сите фудбалери на теренот и нивните допири со топката. Новата технологија за половина секунда ќе треба да одлучи дали имало офсајд или не.

- Оглас -

Најнови вести