Почнува Лигата на шампионите – Ливерпул ќе види колку е тешко да се одбрани титулата

Со гостувањето кај Наполи на Елиф Елмас, актуелниот европски првак Ливерпул ќе почувствува што значи да си бранител на најценетиот трофеј во клупскиот фудбал и како е кога сите играат со 101 процент од можностите против тебе затоа што сакаат да се пофалат дека го поразиле шампионот.

Ливерпул во 2018 година беше финалист, во 2019 година го освои ушлестиот пехар, а ако сака трета сезона по ред да игра во финалето, на 30 мај 2020 во, за него среќниот, Истанбул ќе треба да одигра 13 натпревари.

Но, ако беше лесно да се биде првак двапати по ред, тоа ќе го правеа многу тимови, а не само Реал Мадрид, кој од 2016 до 2018 успеа дури трипати. Пред тоа, Милан во 1989 и 1990 година успеа две сезони по ред да се искачи на тронот. Една Барселона со Меси никогаш не успеа две сезони по ред да дојде до финале и тоа покажува колку е тешка задачата на Ливерпул.

САМО ЕДЕН ШАМПИОН НЕ УСПЕАЛ ДА ЈА МИНЕ ГРУПНАТА ФАЗА

Челзи од 2012 година е единствениот тим во ЛШ откако се игра во ваков формат (од 1992 наваму) кој како актуелен првак испаднал уште во групната фаза. Би било шок ако Ливерпул не ја мине групата во која друштво му прават Наполи, Ред Бул Салцбург и Генк. Ливерпул во Премиер лигата е беспрекорен и незапирлив, но вечерва има сериозен тест против екипата на Карло Анчелоти. Од истиот тој Наполи, Црвените лани загубија со 0-1 на „Сан Паоло“.

ПРВОТО КОЛО ПОЛНО СО ДЕРБИЈА, ДВАЈЦА ЈА ПРЕТСТАВУВААТ МАКЕДОНИЈА

Денеска и утре низ Европа ќе се играат многу интересни натпревари. Секако, во преден план се битките на ПСЖ со Реал Мадрид и Атлетико Мадрид со Јувентус, како и гостувањето на Барселона кај Борусија Дортмунд и на Ливерпул во Неапол. За Србите, дуелите на Црвена ѕвезда со Баерн Минхен се незаборавни и ги потсетуваат на сезоната кога Дарко Панчев, Илија Најдоски и другарите станаа последниот тим од источна Европа кој освоил европска титула.

Освен Елмас од Наполи, македонскиот фудбал ќе го претставува и Аријан Адеми, кој е капитен на Динамо Загреб, кој утре ја пречекува Аталанта.

БАРСЕЛОНА ИЛИ ЈУВЕ ЌЕ БИДАТ РАЗОЧАРАНИ, А МОЖЕБИ И ЕДНИТЕ И ДРУГИТЕ

Најголем притисок дека мора да освојат титула во ЛШ има врз шпанскиот и италијанскиот првак, Барселона односно Јувентус. Каталонците во 2015 во финалето го победија Јуве и оттогаш не биле победници, што за нив е дебакл. Големи суми пари Каталонците потрошија и ова лето, но првак може да биде само еден.

Старата дама лани го ангажира Кристијано Роналдо со една цел, титула во ЛШ, трофеј кој не го освоила 23 години. Во минатата сезона не успеаја, а ако не успеат ниту сега, изгледа Буфон дефинитивно кариерата ќе ја заврши без драгоцениот пехар. Некој ќе биде разочаран како пролетоска, дали Барса, дали Јуве или повторно и едните и другите?

СПОРЕД КВОТИТЕ ВО SPORT LIFE, ПРВ ФАВОРИТ Е МАНЧЕСТЕР СИТИ

Доколку сакате уште отсега да прогнозирате кој ќе биде европски првак, можете тоа да го сторите во Sport Life. Според квотите кои денеска се присутни во понудата и кои во текот на сезоната ќе се менуваат, прв фаворит за трофејот е Манчестер сити. Коефициентот е 4.50. Потоа следува Барселона со 6, Ливерпул со 8, Реал Мадрид и ПСЖ со по 11, Јувентус 12, итн. Најмали шанси му се даваат на белгискиот Генк, квотата е 900.

- Оглас -

Најнови вести