31.8 C
Skopje
вторник, 12 август 2025

Почнува ЛШ: според квотите, главни фаворити се клубови кои никогаш не биле европски прваци!

Манчестер сити и Пари Сен Жермен се двата клуба кои според квотите во Sport Life, фигурираат како главни фаворити за освојување на Лигата на шампионите во фудбал.

Ниту Граѓаните, ниту Светците не биле европски шампиони, но букмејкерите повторно нив ги сместија како главни претенденти за ушлестиот трофеј, кој го брани Реал Мадрид.

Кралскиот клуб од Мадрид е петти фаворит, со квота 10. Пред него се Баерн Минхен и Ливерпул. Веднаш зад Реал е засилената Барселона, па Челзи и Тотенхем, итн.

Најмали шанси им се даваат на Макаби Хаифа, Викторија П’лзењ и Динамо Загреб.

- Оглас -

Најнови вести