Новата, петта сезона на бесплатната и популарна Спортска прогноза која ја организираат Спорт Манија и Sport Life веќе е тука на задоволство на обложувачите коишто имаат СЛ клуб картичка.
Почетокот на сезоната во Топ 5 лигите беше знак за старт и на Спортската прогноза, која ќе биде поразлична од претходните.
Главна новина е што за 13 погодоци, подарокот не е „ајфон“ како досега, туку најуспешниот ќе може да бира меѓу смарт телевизор самсунг 55” 4K, електричен тротинет Xiaomi и Икс бокс Series X.
Прогнозерите со 12 погодоци добиваат ваучер од Sport Life во вредност од 1.000 денари, а за 11-ка ваучер од 500 денари. Сите правила и детали околу петтата сезона може да ги најдете ТУКА.
Инаку, првото коло почнува во 15.30 часот в сабота и тоа е крајниот термин до кој може да типувате. Саботни мечеви во понудата се Штутгарт – Фрајбург, Аугсбург – Мајнц, Кристал палас – Астон вила, Фулам – Брентфорд, Мајорка – Бетис и португалското дерби Порто – Спортинг.
Неделната понуда ги содржи паровите Вест хем – Брајтон, Анже – Брест, Aтл. Мадрид – Вилјареал, Аталанта – Милан и Болоња – Верона. Во основната понуда има и два понеделнички дуели, англиското дерби Mан. јунајтед – Ливерпул, како и Жирона – Хетафе од шпанската Ла Лига.
Резервни парови се Осасуна – Кадис и Монпелје – Оксер. Овие два резервни пара се многу важни бидејќи освен што се бројат за Генерален пласман, може да ви донесат многу среќа ако во колото не сте единствен со 13-ка.
Стандардно, награди ќе има за првопласираните петмина во Генерален пласман. Победникот добива ваучер од 30.000 денари од „Техномаркет“, а за тие од второ до петто место предвидени се СЛ Маркет поени. Второто место носи 500.000 поени, третото 400.000, четвртото 300.000, а петтото место 200.000 СЛ Маркет поени.
Приклучете се, не испуштајте ниту едно коло од петтата сезона на Спортска прогноза, редовноста и упорноста се исплаќаат!