Почнува најинтересниот фудбалски плејоф

Сандерленд и Лутон таун попладнево го играат првото полуфиналето од разигрувањето за влез во англиската Премиер лига. Двата тима се на три меча од влез во елитата, бидејќи ќе има и реванш, а потоа следува големото финале на „Вембли“ и мечот кој го нарекуваат најскап на светот бидејќи влезот во Премиер лигата носи богатство.

Црните мачки според реномето кое го имаат и просечнага посета на трибините на домашен терен, заслужуваат да бидат во Премиер лигата, но шестото место кое го освоија во Чемпионшип е изненадување.

Лутон беше трети, па според правилата, и нерешен исход после двомечот им одговара. Нема пенали, доколку одиграат неешено, Лутон ќе оди во финале како подобропласиран во лигашкиот дел. Во регуларниот дел, нивните дуели завршуваа со резултат 1-1, и сето ова најавува интересна битка.

- Оглас -

Најнови вести