По повеќе од три месеци чекање, конечно дочекавме. Се враќаат ангиската Премиер лига и италијанското Калчо. Двете атрактивни првенства веднаш се и на менито од 30-тото коло на Спортска прогноза. Со активирање на четирите најсилни лиги во Европа, за овој викенд ќе имате предизвик да погодите Среќна 13-ка од најатрактивните шампионати.
Во претходното коло играчите на Спортска прогноза не можеа да се пофалат со некој поголем успех. Најдобро помина Филип, кој е единствен со осум погодоци, но и тоа не беше доволно за добивање подарок. Затоа сега има нова шанса за сите играчи на Спортска прогноза.
Со 13 погодени следува мобилен телефон IPhone XS. Со еден утнат пар, односно за 12 погодени дуели, подарокот е вредносен ваучер од 1.000 денари од Sport Life, додека за 11 погодени, вредносниот ваучер е 500 денари. Оваа игра е бесплатна, па едноставно нема што да загубите, но може позитивно да бидете изненадени.
Новото коло започнува во стандардниот термин, сабота 15:30 часот, кога на програмата е дербито од Бундеслигата меѓу Лајпциг и Борусија Дортмунд. Во саботната понуда има мечеви и од останатите три големи првенства. За в недела има поатрактивни мечеви. Во фокусот е градското дерби меѓу Евертон и Ливерпул, а секако атрактивни ќе бидат и дуелите меѓу Интер – Сампдорија, Астон вила – Челзи, Реал Сосиедад – Реал Мадрид.
Не го пропуштајте ова коло затоа што бодовите од секое коло се пресметуваат во Генералниот пласман. За најдобриот во Генералниот пласман на крајот од сезоната ќе следува ТВ смарт од 48 инчи, а ќе има убави подароци и за пласираните од второто до петтото место на крајот на сезоната.