11.8 C
Skopje
вторник, 21 октомври 2025

Почнува НБА-шоуто, квотите се веќе подготвени во Полноќниот експрес (Фото)

Новата НБА-сезона 2025/26 официјално стартува ноќта меѓу вторник и среда, со голем јубилеј, тоа е 80-та сезона на најсилната кошаркарска лига во светот. Оклахома сити тандер ќе биде домаќин на Хјустон рокетс во „Пик центарот“ со почеток во 01:30 часот.

Потоа фановите ќе може да уживаат во уште еден спектакл, Лос Анџелес лејкерс, предводени од Лука Дончиќ, ќе се соочат со Голден стејт вориорс на Стеф Кари во „Крипто арената“ од 04:00 часот.

Квотите се веќе подготвени, а се разбира дека тука е и омилената игра „плус/минус поени“ на индивидуалниот ефект на кошаркарите.

Регуларниот дел од сезоната ќе трае од 22 октомври до 13 април, при што секој од 30-те тима ќе одигра по 82 натпревари (41 дома и 41 на гости). Паралелно, НБА купот ќе се игра од 31 октомври до 16 декември 2025 година.

Сезоната на јубилејот се очекува да биде една од најнеизвесните во последната деценија. Оклахома сити тандер, со минатогодишниот МВП, Шеј Гилџес-Александар, се смета за прв фаворит за титулата, додека Денвер нагетс на Никола Јокиќ им е сериозен конкурент.

Можеби најголемо изненадување би можеле да бидат Хјустон рокитс, кои летово го ангажираа искусниот Кевин Дурент. Заедно со Алперин Шенѓун, тие би можеле да го формираат еден од најдобрите офанзивни тандеми во лигата.

Меѓу фаворитите за врвот се и Кливленд кавалирс, кои беа одлични минатата сезона, како и Њујорк никс и Минесота тимбервулвс. Лос Анџелес лејкерс со Леброн Џејмс, кој ќе ја започне својата 23-та сезона, и со Лука Дончиќ исто така најавуваат сериозен поход кон титулата.

Ова ќе биде сезоната во која секој натпревар ќе има големо значење, а љубителите на кошарката можат да очекуваат незаборавни моменти од првата до последната секунда.

- Оглас -

Најнови вести