Фудбалската Лига на шампиони се враќа, вечерва од 21 часот се првите две осминафинални пресметки, од кои едната е спектакуларна, Пари Сен Жермен против Баерн, а ќе биде интересно и на Милан – Тотенхем.
Баерн во последните десет години, двапати беше европски првак, а ѕвездениот состав на ПСЖ се надева на својата прва титула. Во 2020 година, овие два тима се сретнаа во финалето, а една година подоцна ПСЖ ги елиминира Баварците во четвртфинале.
Милан е благ фаворит против екипата на тренерот Конте. И Росонерите и лондонските Петли во последното коло од групната фаза се пласираа во осминафиналето. Тотенхем беше на прагот да се пресели во Лигата на Европа, но на крајот успеа да се искачи и на првото место во групата, па да се најде меѓу носителите кои реваншот ќе го играат дома.
До вечерва во 21 часот може да се обложите на вашиот фаворит за освојувач на ЛШ. Според квотите во Sport Life, прв фаворит е Манчестер сити, пред Баерн Минхен и ПСЖ. Најмали шанси им се даваат на Лајциг, Ајнтрахт и Бриж, за кои квотите се троцифрени.