Почнува нова спектакуларна сезона во ЛШ: Барселона и Челзи вечер ќе ги бркаат духовите од минатото

Фудбалската Лига на шампиони е натпреварувањето кое љубителите на фудбалот низ светот, а и обложувачите кои уплаќаат тикети во обложувалниците, најмногу го сакаат. Вечерва од 18.45 часот со натпреварите Јанг бојс – Манчестер јунајтед и Севилја – Салцбург почнува новата сезона во најсилното клупско натпреварување во Европа. Уште шест меча се играат од 21 часот, а дербито е на „Камп ноу“, каде што Барселона го пречекува Баерн Минхен.

Барса има проблеми со нападот, здрави се само Холанѓаните Мемфис Депај и Лук де Јонг, но поголем проблем за нив е преголемата желба да му се реваншираат на германскиот гигант за дебаклот од 2-8 од пред 13 месеци. Прашање е дали Барселона без Лионел Меси има сили за триумф над баварската машина, која со нова победа во меѓусебен дуел може дополнително да ги исфрустрира момците од тимот на Роналд Куман. Тимовите се прилично различни отколку во Лисабон, а имаат и други тренери. Овојпат нема да биде 8-2, но се очекуваат голови и забава за гледачите.

Европскиот првак Челзи има „лесен“ меч против Зенит, но Сините се сеќаваат дека во сезоната 2012/2013, кога првпат влегоа како актуелни освојувачи на ЛШ, не ја минаа групната фаза. Челзи е единствен првак во историјата на ЛШ (од 1993 наваму) кој не ја минал групната во следната сезона. Ромелу Лукаку и другарите се на потег. Зенит е тим на чиј стадион ќе се игра финалето на ЛШ, на 28 мај 2022.

Новина во ЛШ е што Лионел Меси и Кристијано Роналдо (рекордер во историјата со 134 гола) имаат нови клубови, а ќе имаме и македонски фудбалер (Бобан Николов со Шериф), кој ја смести нашата земја меѓу 73-те коишто имаат свои претставници во ЛШ. Во ЛШ има најмногу Шпанци (102), па Бразилци (69), Украинци (66), Французи (64) и Португалци (61).

Според квотите во обложувалницата Sport Life, главен фаворит за титулата во ЛШ е Пари Сен Жермен, а веднаш зад парижаните е Манчестер сити. Место во топ 10 има и за Баерн, Челзи, Манчестер јунајтед, Ливерпул, Реал Мадрид, Барселона, Атлетико Мадрид и Јувентус. Најголем аутсајдер е Шериф, квотата за титула на молдавскиот претставник е 999.

- Оглас -

Најнови вести