Минатата сезона Килијан Мбапе беше во центарот на вниманието дали ќе си замине или ќе остане во ПСЖ. На крајот, младиот Французин реши да му верува на проектот на првакот од Франција и потпиша неверојатен договор каде што во три сезони ќе заработи над 600 милиони евра.
Во оваа, пак се чини дека новата трансфер драма ќе биде во режија на Лионел Меси.
Неговиот договор со Парижаните истекува по крајот на оваа сезона, а Аргентинецот не сака да говори за својата иднина во моментов. Според медиумите, Меси за тоа што ќе направи, ќе одлучи по крајот на Светското првенство во Катар.
Барселона сега е заинтересирана да го врати во своите редови, додека ПСЖ и за него спрема уште побогат договор.