Почнува новата ера за Барселона: Лапорта е претседател, честитки доби и од протикандидатите (видео)

Жоан Лапорта и официјално е избран за нов претседател на Барселона откако убедливо победи на изборите со повеќе од 57% од вкупните гласови во однос на противкандидатите Виктор Фонт и Тони Фреиша.

Со Лапорта почнува новата ера во каталонскиот гигант, кој ќе има тешка задача да го врати клубот на нозе по кризата предизвикана од раководството на претходниот прв човек, Жозеп Бартомеу.

Лапорта доби честитки по прогласената победа и од останатите конкуренти за функцијата, Фонт и Фреиша со ферски поздрав му честитаа пред камерите.

Како што е веќе познато, на Лапорта главна задача ќе му биде да го убеди Меси да остане во клубот, додека финансиската криза исто така е голем проблем кој треба да се реши во блиска иднина.

- Оглас -

Најнови вести