Почнува новата сезона во Бизнис лигата во мал фудбал, спектаклот загарантиран!

Со 24 компании, најелитното аматерско натпреварување во мал фудбал во Македонија, Бизнис лигата денеска ја започнува 12-тата сезона.

На прес-конференција беа презентирани компаниите што ќе учествуваат, системот на натпреварување, стартот на сезоната и новитетите кои од оваа година ќе бидат имплементирани во лигата.

Стартот на лигата е закажан за денеска. Вечерва ќе се појави и екипата на Лукоил, која ја освои титулата во минатата сезона. Обложувалницата Sport Life своите настапи ги почнува в петок на 23 септември од 21 часот против Bestway Solutions.

Лигата ќе се одигра во две етапи, и тоа есенски (11 кола) и пролетен дел (12 кола + завршен турнир).

Компании учеснички оваа година се: A1, Аџибадем Систина, Лукоил, Шпаркасе Банка, Пивара Скопје, Џонсон Мети, DHL, Халк Банка, Ван Хоол, Сава Осигурување, ЈСП, Уника, Аптив, Sport Life, ЈП Дрисла, Фабрика Карпош – ГИМ, Гранит, Bestway Solutions, ЕЛЕМ, Интертек, Макпетрол, ЕВН, Матрикс и Окта.

Мечевите ќе се играат во малата сала на СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.

Проект-менаџерите на Бизнис лигата им посакаа на сите учесници преку ферплеј игра, добро дружење и забава да победи подобриот.

- Оглас -

Најнови вести