24.8 C
Skopje
петок, 11 јули 2025

Почнува новата сезона во Лигата на шампионите – денеска на мегдан излегува и Интер

Пред помалку од еден месец, Реал Мадрид во Париз се израдува на трофејот во Лигата на шампионите откако во финалето со 1:0 го победи Ливерпул. Кралскиот клуб ќе биде на тронот во следните 11 месеци, а клубови од цела Европа ќе се обидат да стигнат до најзначаниот трофеј на Стариот Континент.

На денот на кој започна летото, стартува и новата сезона во Лигата на шампионите, односно претквалификациите во елитното натпреварување на УЕФА. Први на мегдан како по обичај се појавуваат шампионите на најслаборангираните земји во Европа.

Прв меч од новата сезона во ЛШ е дуелот меѓу Ла Фиорита од Сан Марино и Интер Ескалдес од Андора. Овој е прв полуфинален дуел на турнирот кој се игра во Рејкјавик. Во второто полуфинале ќе играат Левадија од Естонија против Викингур Рејкјавик, кој е домаќин на овој мини-турнир. Победниците од овие два меча ќе играат во финалето од овие претквалификации.

- Оглас -

Најнови вести